ВИДЕО – Во Крушево промовирани патеки за планински велосипедизам изградени по сите меѓународни стандарди


Покрај параглајдеризмот Крушево, полека, но сигурно станува атрактивна дестинација и за развој на планинскиот велосипедизам. Денеска беа промовирани 4,5 км, крос кантри велосипедски патеки изградени по сите меѓународни стандарди. Патеките ги уредија швајцарски експерти, меѓу кои и светскиот шампион во планински велосипедизам Ралф Неф. Инвеститорите велат дека нема да застанат тука.

Туку нашиот тим кој веќе знае како да ги изработува тие патеки, ќе продолжи да изработува и други кои се мапиирани веќе. Ние во Крушево може да стигнеме до 40 км. патеки коии се мапиирани, но не се изработени професионално“, рече Кочо Стојчески, инвеститор.

Патеките денеска свечено беа отворени со трка.

Крушево нуди многу услови за меѓународно активно организирање на трки“, вели Борис Стефановски, учесник на трката.

 

Патеката е можеби некоја комбинација на маратон и крос кантри, има малку захтевни техниички коменти што значи сите може да ја возат безбедно“, истакна Дуња Иванова, учесник на трката.

Крушево нуди одлични можности за развој на овој вид на туризам и се очекува тука да доаѓаат туристи од целиот свет.

Исто како што можеби некој пред 10-тина години не веруваше дека Крушево ќе стане еден од најпрепознатливите центри за парагалајдинг во Европа и светот, истото за неколку години ќе се случи и со вело патеките“, изјави Горан Дамовски, директор на Швајцарската Програма – ИМЕ.

 

Дополнително обезбедивме 4 велосипедски и пешачки патеки со вкупна должина од 42 км. Со проектот за прекугранична соработка со Албанија ќе ќе се воспостави и даунхил патека во должина од околу 3 км.“, рече Томе Христоски, градоначалник на општина Крушево.

Од Агенцијата за подршка на туризмот очекувата во наредниот период авантуристичкиот туризам да има се поголемо учество во бројката на посети на Македонија.

Се надевам дека во 2023 до 2025 година ќе го поминеме бројот од 4 милиони ноќевања во Македонија и нешто повеќе од половина милијарда долари од девизен прилив од туризмот“, потенцираше Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за поддршка на туризмот.

Со овие инвестции Крушево станува потенцијална дестинација за сите 4 сезони во годината.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи