Културно истражувачко-документацискиот центар за Мариово с. Крушевица „Калеш Анѓа“ и Планинарското друштво „Јане Сандански“ од Прилеп на 02.10.2022 во недела организираат чествување по повод 119 години од големата битка на врвот Маргара кај селото Чаниште.
ПРОГРАМА
Комитски марш:
08 ч – I комитска чета: с. Крушевица – манастир „Св. Петка“, с. Крушевица – врв Маргара (местото на битката), 1016 мнв – манастир „Св. Петка“, с. Чаниште
II комитска чета: с. Крушевица – езера – манастир „Св. Петка“, с. Чаниште
III комитска чета: с. Орле – манастир „Св. Петка“, с. Крушевица – врв Маргара – манастир „Св. Петка“, с. Чаниште
11 ч – Беседа
11 и 15 ч – Комитска заклетва – културен чин
11 и 30 ч – Настап на народни уметници – пригодни револуционерни песни
13 ч – Комитски ручек
14 ч – Народни песни, народни уметници и КУД – општонародна веселба
Тргнување ќе биде во 07 часот од пред Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Цена 200 денари. Контакт : 076-615-509 – Тренчо и 075/327-334 – Славе.