БК „АС“ од Прилеп го зацврсти 1 место во младинската лига во бокс на Македонија


БК „АС“ Прилеп учествуваше на третото коло од младинска и прва лига во бокс на Македонија со осум пријавени боксери од кои борби имааа само три боксери. Од три борби освоија три победи.

„Го зацврстивме првото место во младинската лига во бокс на Македонија. Следи државното првенство во бокс на Македонија на 08 и 09 октомври во Скопје. Пријавивме 10 боксери и очекуваме добри резултати . Втората половина на октомври ќе го организираме четвртото коло во бокс во Прилеп. Оваа година напорно работиме да го освоиме првото место на младинската бокс лига и да освоиме златни медали на државното првенство. Нашиот тим е задоволен од работата на нашите боксери со макотрпните тренинзи и се надеваме оваа година Прилеп да биде прогласен за боксерски град. Боксерите кои издвоија победи: Марко Петрески победи со 3:0 Демир Демиров победи со 3:0 Емануел Абдуловски победи со ТКО 2 рунда. Боксерите кои беа без борба и испаднаја со ждрепка : Теодор Тошески Максим Стојановски Стефан Иваноски Николче Соколоски Матеј Чатлески Тренери и секунданти во ќошот беа : Дарко Чатлески Игор Поцев“, вели Дарко Чатлески од БК „АС“.

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи