ВИДЕО – Со донација на ЛАГ АГРО ЛИДЕР се уредуваше паркот и дворното место на Дневниот центар „Ѕуница“


ЛАГ АГРО ЛИДЕР започна со иницијативата „Заедно за заедницата“ во рамките на проектот E-HELP кој се реализира со поддршка на австриското Министерство за социјална работа. Во изминативе неколку денови се уредуваше паркот и дворното место на Дневниот центар „Ѕуница“. Се поставија нови реквизити за игра на дечињата, како лизгалки и нишали, се фарбаа оградите и се реконструираше дел од портата.

„Идејата е заедно да дадеме придонес во подобрување на квалитетот на престој на децата кои што го посетуваат Дневниот центар „Ѕуница“ и заедно да придонесеме да се разбувавии паркот, а воедно ова да биде и повик до останатите претставници на јавните инстиитуции, бизнис заедниицата, колку што можеме да дадеме придонес во подобрување на условите за престој на децата во овој центар“, истакна Марина Тошеска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Според социјалните работници, кои работат со овие дечиња, уредувањето на дворното место ќе им помогнеза нивна поголема инклузија и поквалитетно исполнување на времето кое го поминуваат во центарот.

„Корисниците се со умерена и со тешка попреченост, моментално се прави уредување на надворешниот ентериер на центарот, благодарност до НВО секторот и Центарот за социјална работа за нивната соработка. Се направи реконструкција на дел од нишалките, реконструкција на ден од оградата и сето тоа за да ни биде едно попријатно место за живеење на нашите корисници“, изјави Снежана Јошеска, социјален работник.

Децата пак на претставниците од ЛАГ АГРО ЛИДЕР и Центарот за социјална работа, под чија надлежност се наоѓа дневниот центар, им подарија дел од своите уникатни ракотворби кои ги изработуваат тука.

„Се надевам дека во иднина ќе бидеме сведоци на вакви иницијативи и од други Здруженија на граѓани и НВО организации како и општествено одговорни компании се со цел да ги подобриме условите во кои што еден добар дел од денот поминуваат овие деца, кои се навистина во една категорија на граѓани на кои треба најмногу да се посвети внимание. Затоа што на ваков начин со едни вакви подобрени услови на децата кои се со одредено ниво на попреченост ќе им го направиме денот поинтересен, да не биде тоа седење само внатре во просториите на Дневниот центар, туку да најдеме начин за нивна за рекреација и занимација и надвор од нивните простории, се со цел тие да бидат подобро социјализирани и вклучени во самото општество“, додаде Дејан Тошески, директор на Центар за социјална работа Прилеп.

Во минатото несовесни граѓани влегуваа во дворот и ги уништуваа реквизитите, а имаше ии кражби на делови од оградата и портата. Од Центарот се надеваат дека овие немили настани нема да случуваат во идинина затоа што ова место има навистина големо значење за дневниот престој на овие деца. Исто така ќе се побараат средства и од други општествено одговорни компании за да се докомплетираат реквизиите во овој парк.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи