ВИДЕО – Македонското стопанство пред колапс поради високата цена струјата, потребна е итна помош од државата


Поради енормно високата цена на електричната енергија македонското стопанство е пред вистински колапс. Доколку компаниите не добијат субвенционирана струја од државата прашање на време било само кога ќе се започне со масовно затворање и отпуштање на вработените. Во моментов во просек струјата се купувала по 500 до 600 евра за мегават час, а некогаш во ноќните часови цената и достинувала и 900 евра. Според бизнисмените нити едно стопанство не може да го издржи ова.

„За жал јас на неколку наврати го потенциирав тоа, како држава не го положивме испитот во нашето опкружување сите држави на Балканот веќе имаат одредена субвенционирана струја од државата и нашето стопанство остана само по себе да се снајдува, а тоа значи дека не можеме да се носиме со оваа состојба, а тоа не е поради невичноста на компаниите туку заради тоа што цновниот шок е толку голем што ниту една компанија не може да го апсорбира, да ја апсорбира таа разлика на цена. Колку и да намалува трошоци, едноставно 5 пати зголемена струја не може да биде апсорбирана во ниту производ, не може да покриена од ниту една добивка. Ако ви кажам дека сега цената на струјата во Србија што се нуди на правните субјекти на поголеми компании е фиксна од 95 евра. Нашата економија како ќе биде конкурентна на овој простор, посебно во индустријата на прехрана и пијалоци нека ми објасни некој ако знае“, рече Сашо Самарџиоски, потпретседател на Регионална стопанска комора Прилеп.

Компаниите бараат од Владата под итно да преговара со ЕУ за добивање на поефтина електрична енергија и побрзо имплементирање на ветувањето да добиваат струја која ќе ја плаќаат максимум по 250 евра за мегават час, а останатото ќе биде покриено од државата. Велат дека ако не затворат тогаш мора да ги покачат цените, да ја укинат третата смена, да не работата во сабота ии слични други мерки со што автоматски стануваат неконкурентни на пазарот.

Гледате дека останатите компании кои се од нашата индустрија, од прехрамбената индустрија веќе цените на производите се покачени. Некои од компаниите се енергетски поинтензивни и неправедно во јавноста се осудуваат дека тие се профитериите. Производителите на храна не се профитери од енергетската криза, тие се жртви и ако сакаат да опстанат една од мерките е да ги покачат цените на своите производи. Ако не, клучот на врата“, вели Жарко Качаков, директор во на сектор развој во „Витаминка“.

 

Затворање на погони и испуштање на работници не, ние сме должни да најдеме решение за работнците, но сепак мислам дека може да се доведе до ситуација на укинување на трети смени, избегнување на работа во сабота итн“, додаде Филип Велески, директор на Комфи Ангел.

Некои компании веќе инсталирале и соларни панели, но велат дека со нив произведуваат само 20-тина проценти од потребите на струја, така што тоа не било доволно да се амортизиира овој голем удар што им се случувал, особено што доаѓаат месеци кога ќе има помалку сончева енергија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи