Со шампионски шпалир беше пречекан Вања Ѓорѓиоски од ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп кој во Италија го освои првото место на натпревар по англиски јазик Хипо.
Posted by Ахил Јаков on Monday, October 3, 2022
Од 28 финалисти во категоријата Хипо 1 Вања, го освои првото место и доби златен медал, светски признат сертификат за неговото познавање на англискиот јазик, како и школарина.
На натпреварот во Рим, Вања се натпреваруваше со ученици од целиот свет: Италија, Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Латвија, Тунис, Малезија, Египет, Филипини, Виетнам…