На 02.10.2022 кај новата автобуска станица во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Б.М.(26) и Џ.Ш.(22), двајцата од Прилеп, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.
Тие биле приведени во Полициска станица Прилеп, а по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.