Фрапантни податоци покажа истражувањето во рамки на проектот „Women lead“ за тоа колку политичкиот мобинг е застапен во Македонија. Над 90% од испитаниците вработени во државните институции или јавни претпријатија рекле дека тие или нивни блиски биле изложени на овој вид на мобинг. Овој негативен растечки тренд е причината поради која ЛАГ АГРО ЛИДЕР ја спроведува иницијативата, во постоечката законска регулатива за мобинг да се внесе и терминот политички мобинг.
„Додека на прашањето зошто не го пријавиле овој мобинг, најголеми причинители за тоа се недовербата во судството, судските процеси и стравот од загубата на работното место. Овој форум е организиран со цел да се поттикне ова прашање и да се актуализира, бидејќи политичкиот мобинг е феномен кој постоии и никако не треба да разбираме дека тоа е нормална појава“, изјави Даниела Цветаноска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.
Според учесниците на овој форум многу било важно граѓаните да знаат како да го препознаат овој вид на мобинг и да го пријават. Токму затоа истиот има особено голема поддршка од Клубот на пратенички.
„Гласното говорење за каков и да било вид на насилство, вклучувајќи го и психолошкото наследство треба да настојуваме да биде една од секојдневните теми на кои ние ќе се навикнеме да ги слушаме и да реагираме, бидејќи тоа е една и од главните цели на ОН за одржливи цели кои би требало да се постигнуваат со агендата 2030“, рече Арбана Пашоли, пратеничка од ДУИ.
„Овој мобинг постоии секаде и внатре во партиите и генерлано на локално ниво, на национално ниво. Некогаш се тие побрутални, а некогаш по софт варијанти, но важно е да знаете да го препознаете мобингот и да имате храброст да се борите со мобингот. Особено ова важи за жените кои сакаат да се вклучат во политиката“, истакна Благица Ласовска, пратеничка пд ВМРО-ДПМНЕ.
Во законските измени се бара и да се укине времетраењето на докажување на мобингот кое сега изнесува 6 месеци. Овој проект е имплементиран од NDI, а финансиски поддржан од Шведската агенција СИДА.