Промоција на граѓанското здружение „За нашите граѓани“ во Прилеп, во понеделник во 18:00 часот пред Саат кулата


Во понеделник, 10.10.2022, во 18:00 часот пред Саат кулата во Прилеп ќе се одржи граѓански собир со претставување на Граѓанското здружение „За нашите граѓани“ од Прилеп, кое е формирано по примерот на Граѓанското здружение „За наше Куманово“.

На покана на Претседателот на здружението од Прилеп, господинот Емил Јанески, на настанот учество ќе земат претставници од Граѓанското здружение „За наше Куманово“ од Куманово, предводени од актуелниот градоначалник на Општина Куманово и идеен творец на движењето Максим Димитриевски, како и претседателот на здружението во Куманово, Даниел Стојчевски.

На настанот е предвидено обраќање на Градоначалникот Максим Димитриевски, на претседателот на здружението од Прилеп Емил Јанески, на претставникот на младите од Прилеп Мартин Кокароски како и презентација на идните заеднички планови и активности на двете граѓански здруженија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи