ВИДЕО – Димитриевски: На следните парламентарни избори ќе излеземе со едно граѓанско политичко движење, да понудиме реални политики на граѓаните


Првенствено тргнавме од Куманово, еве сега прилепчани следат. Следната фаза ќе биде да се формираат такви граѓански здруженија на ниво на цела држава каде што има интерес за формирање и дополнително на следните парламентарни избори да излеземе со едно граѓанско политичко движење, да понудиме реално остварливи политики на граѓаните за кои што конечниот збор ќе го имаат граѓаните, рече вечерва во Прилеп, Максим Димитриески, градоначалник на Куманово и основач на граѓанското здружение „За наше Куманово“.

„Она што за нас е најбитно е дека ова се иницијативи од граѓаните за граѓаните, ние не припаѓаме на политичките субјекти, туку сме чисто граѓански здруженија. Кои што ќе имаат основна функција да работат за интересот на граѓаните и општините каде што истите ќе бидат формирани,  а во подоцнежна фаза кога ќе дојде моментот за учество на парламентарни избори, дали се работа за предвремени или редовни ќе земеме свое учество и веруваме дека граѓаните ќе го препознаат тоа што сакаме да го понудиме. Откако ќе бидат регистрирани сите граѓански здруженија самите членови на самите здруженија ќе дадат предлози или иницијативи за формирање на една таква граѓанска иницијатива. На државно ниво и од тука ќе излезат и предлозите за името за ова здружение или ова политичко граѓанско движење кое што сметам дека на следните парламентарни избори ќе издвојува убедлива победа“, рече Максим Димитриески, градоначалник на Куманово.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи