ВИДЕО – Јанески: Политичките партии во моментов се заробени од поединци или интересни групи, затоа граѓанскиот концепт е иднината


Целта или разликата во функционирањето на политичките партии и на граѓанските здруженија е што граѓанските здруженија на една граѓанска платформа ќе делуваат и секој еден поединец, секоја една индивидуа, секој граѓанин на градот со свои идеи, свои расудувања, свои разбирања за начинот на кој што градот треба да се движи напред може да помогни во функционирањето и работата на здружението „За нашите граѓани“, рече претседателот на ова здружение Емил Јанески, кое вечерва беше промовирано во Прилеп.

„Ова здружение е отворено за сите наши граѓани, ова е здружение од граѓаните за граѓаните, ова апсолутно не е здружение кое што има намера некого да осипува или да биде нечиј привезок, ова здружение ќе функционира само за себе и очекуваме дека ќе има битна улога во идните општествено политички случувања во нашата држава. Сметам дека политичките партии во овој момент се заробени, киднапирани од поединци или интересни групи, кои заради сопствените, лични интереси и цели, неретко и лукративни ги држат и се кријат зад името на партиите, ги остваруваат своите цели, притоа ништо не нудат на македонското општество и на македонската политичка сцена. Затоа мислам дека граѓанскиот концепт е иднината на општественото и политичкото делување во Македонија“, кажа Јанески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи