ВИДЕО – Јовчески: Цврсто да застанеме зад националните интереси за да го продолжиме патот кој започнат пред 81 година


Со импровизиран напад на градот и традиционалниот огномет вечерва во Прилеп започна одбележувањето на 81 годишнината од подигнувањето на востанието против фашистичкиот окупатор. Овој празник, оваа победа на македонскиот народ е светла точка во нашата историја, истакна на вечерашната прослава градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

„Но исто така поттик и мотив сега и во иднина цврсто да застанеме кога се во прашање националните интереси, доколку сакаме да го продолжиме патот кој е започнат пред 81 година, а со тоа да го зачуваме достоинството на Република Македонија! Празнувајќи денес, оддаваме почит на сите херои од нашата голема и богата македонска историја. Тие се оние кои што ги поставиле темелите врз коиопстојува денешната современа Република Македонија. Посебно во овие исклучително бурни времина за македонската држава мораме да останиме цврсти, одлучни и сплотени на браникот на татковината“, истакна Јовчески.

Утре одбележувањето на празникот продолжува со полагање на свежо цвеќе и оддавање почит на спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифоски – Питу, Алејата на Великаните, Криптата на Могилата каде почиваат останките на над 600 партизани.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи