Во Прилеп почнува одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание

Со традиционалниот импровизиран напад пред Меморијалниот музеј 11 Октомври и со огномет, вечер Прилеп го почнува одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание и 81 годишната од почетокот на антифашистичката борба во 1941.

Традиционалниот импровизиран напад вечер од 19,45 часот на некогашниот Участак, денес Меморијален музеј 11 Октомври е потсетување на виорните настани пред 81 година кога со нападот на тогашниот Участак на групите на партизанскиот одред „Гоце Делчев“ е означен почетокот на антифашистичката борба во Втората светска војна. На прилепчани, на камената бина на плоштадот „Александрија“ ќе им се обрати градоначалникот Борче Јовчески. Октетот „Прилеп“ ќе одржи концерт, а потоа и бендот „Peaches“.

Традиционално вечер и утре на празникот Меморијалниот музеј „11 Октомври“ е отворен за посетителите.

Во чест на празникот од 20 часот во Центарот за современа ликовна уметност ќе биде отворена изложбата на Зоран Кардула под наслов „Star Wars & Makedonium“.

Утре на празникот, делегации од владата предводена од министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, делегација на борците, од локалната самоуправа, на здруженија и граѓани ќе положат цвеќиња и ќе се поклонат пред споменикот на Методија Андонов Ченто, првиот претседател на президиумот на АСНОМ, пред споменикот на идеологот на народната револуција Кузман Јосифоски Питу и на Могилата на непобедените каде се моштите на 650 борци од НОБ и Револуцијата. Чествувањата утре почнуваат од 9,30 часот.

Во рамките на одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание, во центарот на Прилеп утре од 10 до 15 часот ќе се одржува автомобилско шоу.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи