ВИДЕО: Акапела концерт на вокалното трио „Troix voix“

Вокалното трио „Troix voix“ одржа акапела концерт на кој што беа изведени духовните дела на Бортнианскиј “Слава Отцу и сину“ и „Херувимска песна“, „Богородице“ на Архангелскиј, и византискиот напев „Agni parthene“ во аранжман на Бурим Хидри.

На репертоартот се најдоа дела и од македонски композитори како „Македонско оро“ од Т.Скаловски, дела од Т.Прокопиев како „Печал“, дела од Д.Шуплевски како „Дафино, вино црвено“, дело од Ѓорѓи Димчевски „Алтано моме“. За на крај да биди изведена „Шедрик“ Украинска народна песна.

„Troix voix“ е формирано во Ноември 2021 год. Во него учествуваат високо образовани музичари, Катерина Попоска-Мецосопран, Емили Христоска-Сопран, Ангелина Спасовска-Алт.  Целта на триото е да се покаже убавината, моќта, елеганцијата на човечкиот глас, преку дела од најразлични композитори од XVIII, XIX и XX век.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи