МТСП: Во тек е исплатата еднократна помош за примателите на гарантирана минимална помош

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека согласно направените измени на Законот за социјална заштита, во тек е исплатата на еднократна помош од денеска (13.10.2022 година). Помош ќе биде исплатена на околу 36.000 домаќинства во државата кои се приматели на Гарантирана минимална помош со цел полесно справување со кризата.

Оваа мерка е дел од последниот ребаланс на буџетот, каде е предвидена еднократна исплата од 3000 денари за домаќинствата кои се активни корисници на правото на ГМП за месеците март, април и мај. За оваа цел одделени се скоро 40 милиони евра од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи