Протест на вработените од Македонска пошта во Прилеп


Почнувајќи од денес организиран е предупредувачки мировен протест кој ќе трае  за време на паузите на вработените од Македонска пошта наредниве неколку  дена. Протестираме за да го дигнеме гласот за нашето незадоволство и револтот за состојбите во  друштвото.  Што ќе биде во иднина со нас и Пошта? Дали се има стратегија и решение за иднината на Пошта?, прашуваат вработените од оваа државна компанија.

„Стравуваме за нашите работни места и егзистенција, лошите услови  за работа и недостиг на средства за работа, лошата организациска  поставенот, донесување на лоши одлуки итн.

Доведена е во прашање финансиската состојба на друштвото со  оглед на тоа што се уште не ни е исплатена септемвриската плата,  според динамиката на приходи остваруваме се помалку приходи, а  тоа е предизвикано од повеќе фактори меѓу кои се донесување на лоши одлуки (склучување на штетни договори со енормно ниски цени  за дадени услуги) во време на длабока финансиска криза, има нови  непотребни вработувања, унапредувања, упразнети места на повисоки позиции не  се пополнуваат со избор преку интерни огласи за да бидат достапни за постоечките квалификувани кадри и друго, што директно влијае на ренатбилноста на друштвото.

Сето тоа доведе до променлив квалитет на услуги, а со тоа се намали  бројот на корисници на нашите услуги. Од друга страна воопшто не се   намалуваат непродуктивните трошоци.

Нема идејност за правилно поставување на технолошкиот процес со  обновување на неопходната опрема за работа. Затоа исплатата на плати е доведена под знак прашалник.

Со оваа состојба сериозно се загрозуваат нашите работни места,  редовна исплата на плати и целосна неизвесност за егзистенција на  нашите семејства, како и иднина на Пошта.

Во Пошта има квалитетен кадар кој знае, има искуство, умешност  и  вештини и кој чека да биде правилно искористен од топ – менаџментот. Покрај современата технологија и опрема човечките  ресурси се главна карика за успех. Затоа треба правилно да се искористат и платат“, велат вработените од Македонска пошта од Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи