Во четврток, 27.10.2022г., во Крушево ќе се одржи саем на книги во организација на Сакам книги и ново формираното Здружение за афирмација на култура, екологија и рурален туризам “Културен манифест” Крушево.
Саемот ќе се одржи во градскиот парк со почеток во 10 часот и ќе биде отворен до 18 часот.
Ова е прва активност на здружението “Културен манифест Крушево” чија цел е да афирмира култура, ги промовира локалните вредности, имплементира активности за развој и промоција на руралниот туризам.