Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука од полноќ да ги намали малопродажните цени на нафтените деривати. Цените на нафтените деривати се намалуваат од половина до два и пол денари за литар.
Имено, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за еден денар и ќе изнесуваат 88 денари за литар, односно 90.5 денари за литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2.5 ден и ќе се продава за 100.5 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1.50ден. и ќе чини 97. денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0.43 денари и еден килограм мазут ќе чини 49.4 денари.