Светска банка: Инфлацијата во Македонија е највисока досега

Facebook
Twitter
Email
Print

Македонија се соочува со највисоката инфлација досега, информира Светска банка додавајќи дека несразмерно се намалуваат реалните приходи на сиромашните, а истовремено има ограничен фискален простор, зголемен јавен долг и зголемени трошоци за финансирање.

Решението според Светската банка, треба да биде фискална поддршка за најранливите домаќинства и фирми, поради се поскапите производи, а истовремено, државата треба да оди кон затегнување на монетарната политика, кое треба да постигне рамнотежа меѓу избегнување на забавена економска активност и сузбивање на инфлацијата.

„Поддршката на Владата за енергетски ранливите групи е важен чекор во вистинска насока,  но мерките треба да бидат насочени и  временски ограничени за да се минимизираат фискалните ризици“, рече Масимилијано Паолучи, директор на Светска банка за Македонија и Косово во својата видео-изјава објавена на презентацијата на извештајот во Скопје.

Во Македонија, според извештајот треба да се донесат мерки за зголемување на нивото на пазарната конкуренција, отстранување на бариерите за влез на бизнисите, како и подобрување на задржувањето на реинвестирањето кај странските инвеститори, подобрување на квалитетот на образованието и подобри стандарди за управување.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи