Гостување на претставата „Вистинскиот запад“ на сцената на Народниот театар „Војдан Чернодрински“

Во петок на 28.10.2022 со почеток во 20:00 часот на сцената на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи претставата „Вистинскиот запад“ во режија на Борис Василески. Ликовите ги толкуваат младите Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Мартин Манев, како и Тања Кочовска. Сценографијата и светлото се на Мартин Манев, костимографијата на Симона Даноска, музиката на Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски, а постерот на Ана Јачева. Извршен продуцент е Ава Хусеини. Картите во ограничени количини може да се купат од кафе Чоше по цена од 200 денари.
Инфо за претставата: 
Сте се фатиле ли себеси во момент кога правите нешто што е наметнато од општествените трендови и се пресметувате каква слика оставате во очите на другите? „Вистинскиот запад“ ја дава сликата на двете крајности, кога сакаме да бидеме дел од општеството и истовремено сакаме да се изолираме од лошо организираниот свет. Потребата да си најдеме свое место под сонцето не згаснува, а притисокот од „што сум направил до сега?“ не исчезнува. Драмата „Вистинскиот запад“ од Сем Шепард, инаку номинирана за Пулицерова награда во 1983 како дел од овој проект за прв пат на македонски јазик е преведена од Марио Стојаноски.
Проектот е поддржан од Министерство за култура на Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи