После подолг период продолжи процесот со легализација на бесправно изградени објекти во општина Прилеп

После подолго време одново непречено се одвива процесот на легализација на бесправно изградени објекти во општина Прилеп. Денес на терен градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески лично додели решенија на граѓаните, кои за жал чекале да бидат изготвени 11 години.

„Со формирањето на новата комисија во јуни годинава, активно се одвива теренскиот увид, со што во изминатите 4 месеци на лице место посетени се 230 бесправно изградени објекти чии барања за легализација ги исполнуваат нормите предвидени со Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти. Веќе се изготвени 102 решенија со кои сопствениците на овие објекти конечно си го решија статусот за докажување на сопственоста за нивните дивоизградени објекти.

Мора да се напомене фактот дека начекавме околу 6000 барања кои што со сигурност можеме да кажеме дека во наредниот период ќе бидат разгледани сите и нема да остане ниту едно неразгледано барање“, истакна Јовчески.

Со легализацијата се опфатени барањата на граѓаните поднесени во 2011 година, како и дел од барањата што се однесуваат на 2016 и 2018 година од продолжениот рок.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи