Прилепчанец и ја запалил ординацијата на неговата сопруга


На 26.10.2022 околу 22.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода  Д.Ѓ. (47) од Прилеп. Тој се сомничи дека околу 19.50 часот предизивкал пожар во ординацијата на неговата сопруга Т.Ѓ. на улица „Сотир Ѓорѓиоски – Сотка“ во Прилеп, по петходно нарушени семејни односи.

„Во службен разговор во полициска станица тој признал дека со бензин ја запалил ординацијата, при што изгорел инвентарот, а било оштетено и патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на С.С. (19) од Прилеп, кое било паркирано пред ординацијата. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Д.Ѓ. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението на СВР Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи