Започна санацијата на улица Партизанска во Крушево

Започна санацијата на улица Партизанска на делот на кој се вршеше реконструкција на водоводна линија.

Се поставија нови црева со поголем квалитет кои ќе ги надминат проблемите на чести дефекти и прекин на вода. Од денес се работи на улицата за враќање во првобитна состојба, односно ќе биде санирана откако целиот процес е официјално завршен.

„На овој дел од улицата се појавуваа чести дефекти кои предизвикуваа прекин на вода не само на Партизанска, туку и на улиците Питу Гули и Коча Миленку. Исто така, честите дефекти значат повеќе трошоци за комуналното претпријатие и неефикасно спроведување на обврските и услугите кон граѓаните. После реконструкцијата на овој дел од мрежата тие проблеми ќе бидат надминати“, изјави ВД директорката на ЈП „Комуна“ Крушево, Станка Ефремова Трајкоска.

„Комуна“ се заблагодарува на разбирањето и трпението од граѓаните во овој подолг процес на реконструкција на водоводната линија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи