Ковачевски: Со новите мерки цените на основните производи ќе се намалат за најмалку 10%


Последната мерка на Владата која наскоро започнува со реализација е мерката за субвенционирање на цената на струјата за прехранбената индустрија. Со оваа мерка компаниите кои произведуваат масло, млеко и млечни производи, житарки и леб од сега ќе плаќаат пониски сметки за струја, но ќе мора да ги намалат и цените на финалните производи, според првичните проценки очекуваме намалување на цените на основните производи и до 10%, рече вечерва во Прилеп, Ковачевски. Тој информира дека е максимилизирано производството на струја и веќе неколку денови ЕСМ произведува 100% од потребите домашни за струја.

„Бидете спокојни, струја ќе има доволно и постојано за целиот период од кризата, но треба и секој од нас да покаже рационалност и да штеди. Уште во првите денови од мојот мандат ја покачивме минималната плата на 18.000 денари. Тоа е двојно повеќе отколку минималната плата која во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше под 9.000 денари. По новата методологија пензиите за 6 месеци ги зголемивме за рекордни 10 отсто. Следното зголемување кое се очекува да изнесува повторно околу 6 отсто ќе се случи во март 2023 со што за една година ќе имаме вкупно покачување на пензиите за 16 отсто, додаде претседателот на СДСМ.

Ковачевски кажа дека во овие четири месеци пред нас финансиски ќе бидат помогнати над 200.000 граѓани.

„Пензионерите со пензии до 14.000 денари, самохраните родители, примателите на гарантирана минимална помош, стечајните работници, ќе добиваат помеѓу 1.500 и 3.000 денари во следните четири месеци како помош да се справат со кризата. Сосема различен пристап од антидржавниот и деструктивен однос на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кој гласи: кочење, блокади и фабрикување лаги и невистини“, потенцираше Ковачевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи