Против 38-годишен Прилепчанец кој работел како наставник во училиште во Македонски Брод бидејќи е осомничен за „малтретирање во вршење служба“ информира Министерството за внатрешни работи.
„ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.С.(38) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на служба”. На 10.10.2022 во простории на основно училиште во Македонски Брод, пријавениот – вработен како наставник во училиштето, употребил физичка сила за да изнесе од објектот двајца ученици и притоа на еден од нив му нанел повреди“, се вели во соопштението од МВР.