46 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, еден без лиценца

Facebook
Twitter
Email
Print

Денеска (01.11.2022) во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирано е едно кривично дело за возење без лиценца по член 284 – а од Кривичен законик и 46 сообраќајни прекршоци. Од нив две за возење без сигурносен појас, четири за возење со брзина поголема од дозволената, изречена е една мерки за возење без возачка дозвола…

Упатени на вонреден технички преглед се 24 возила.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи