Прилепчанецот Арсениј Ангелески со пијано рецитал во Стара Загора по повод 100 години од смртта на Митрополитот Методиј Кусев


Во бугарскиот град Стара Загора се одржа научна конференција по повод 100-годишнината од смртта на блажениот митрополит Старазагорски г. Методиј Кусев, кој што пак е роден во Прилеп.

На овој настан учество зеде и прилепчанецот Арсениј Ангелески, со свој пијано рецитал, по што доби и Грамота од денешниот Старозагорски Митрополит Кипријан.

Инаку Методиј Кусев е роден во Прилеп во 1838 година и е еден од првите кој бара да се возобнови Светиклиментовата Охридска архиепископиа како македонска народна црква. Кусев добива монашки постриг под името Методиј, претходно се викал Тодор, во 1873 година  На 22 април 1894 г., архимандрит Методиј добива епископски чин со титула Велички и е назначен за управител на епархијата на Стара Загора.

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи