ВИДЕО – Мицкоски деновиве ќе донесеме одлука дали ќе присуствуваме на лидерска, се уште немам добиено покана

Јас не се изразив така, не кажав дека нема да одам, ниту кажав дека ќе одам. Бидејќи се уште не сум добил покана за да присуствувам на таа лидерска средба, не знам што е планот на таа лидерска средба, денес сум овде во Прилеп, утре сум во Битола, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешната посета на Прилеп.

Во меѓувреме ќе се консултираме со коалиционите партнери, ќе се консултирам со раководството и пратеничката група и ќе катализираме став дали ќе одиме и ако не одиме зошто не одиме. Инаку мојот совет веше вчера дека е добро да се разговара за актуелните проблеми, да се разговара за она што ги мачи граѓаните, за беспарицата, високите цени, инфлацијата, криминалот и корупцијата, енергетската состојба, тоа е суштината што ги мачи граѓаните. Денес никој не зборува за уставните измени кои им текнале на Ковачевски и на таа мала група околу него за да ги спасуваат своите политички кариери уште некој месец. Денеска граѓанинот во Македонија без разлика дали е Македонец, Албанец, дали е од Скопје, Прилеп, Битола, Тетово, Гостивар, Желино, Липково итн., го мачи зошто лебот и млекото имаат 2 пати повисока цена од минатата година, зошто кашкавалот и сирењето имаат 2 пати повисока цена од минатата година, зошто струјата е поскапа за 20-30%, тоа се проблемите кои го мачат обичниот граѓанин и ние како политичари треба да најдеме решение за тие проблеми, не сега да зборуваме за нешто што никој воопшто не го ни споменува.

Ако мисли дека ќе зборуваме за уставните измени, сега ќе се смени ставот на ВМРО ДПМНЕ се лаже, нема да го смениме ставот, ако отидеме на таа лидерска средба ние нема да го промениме ставот, ставот е тој. Вакви пошироки консултации требаше да има пред 5-6 месеци кога ја распродаваше Македонија и кога мислеше дека прави херојски дека, а уствари капитулира.

Тогаш требаше да прави вакви широки консултации, сега е доцна веќе, сега треба да зборуваме ако нема мнозинство за тие уставни измени, а нема, да зборуваме за дата за предвремени избори, тоа е поодговорно. Но повторно ќе кажам, да ги турнеме на страна партиските интереси, да се фокусираме на реалните проблеми кои ги мачат граѓаните, а тоа се беспарицата, инфлацијата, скапите цени, енергетската состојба, високата цена на струјата итн.

Тоа е суштината и за тоа сум подготвен да разговараме во било кое време. Деновиве ќе го искатализираме нашиот став дали ќе присуствуваме или не, ако присуствуваме или не присуствуваме ќе кажеме зошто, но од ова што го слушам низ медиумите повторно прават некое Монти Пајтон шоу кое навистина не вреди“, потецираше Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи