ВИДЕО – Прилеп ќе издаде општинска обврзница за да изгради кружни текови, обиколници, реконструкција на влезовите на градот


Општина Прилеп продолжува да ги реализира проектите, добив информација од Министерството за транспорт и врски дека влезот во општина Прилеп од кај Крушево е веќе во фаза на тендерирање, завршени се обврските на самата Општина, обезбеден е сообраќајниот проект и очекуваме некаде таму во јануари да биде објавен изведувачот на тој проект, истакна денеска во Прилеп лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Понатаму исто така можам да изразам големо задоволство дека мапирањето на она кое го кажавме, реконструкција и реновирање на улиците во општина Прилеп е веќе завршено и се подготвува тендерската документација. Истата ќе биде според динамиката објавена некаде во втората половина на месец јануари, со што повеќе од 65.000 квадратни метри патна инсталација ќе биде реконструирана, односно ќе бидат асфалтирани патни делници овде во општина Прилеп.

Во завршна фаза е водоводот Пашоски ливади, во завршна фаза е реконструкцијата на плоштадот, продолжуваме со подготовките и општина Прилеп за прв пат ќе влезе во фаза на издавање на општинска обврзница, нешто што ќе биде новитет, да се обезбедат средства за финансирање на други проекти, како што е кружниот тек во центарот на градот кај Тинекс, потоа влезот во градот од кај Македонски Брод, обиколницата Сивец итн.

И она што за мене е многу значајно е што во преговорите со Владата успеавме да издејствуваме да водоводните претпријатија и оние кои стопанисуваат со пречистителните станици, со канализациите во општините добијат повластена цена на струјата, на електричната енергија.

Тоа важи и овде во општина Прилеп и можам да најавам дека веќе во декември Советот ќе донесе одлука за враќање на старата цена на водата, она кое Советот и градоначалникот го земаа како обврска овде во Прилеп да откако ќе биде коригирана цената на електричната енергија се врати старата цена на водата за прилепчани. Така што исклучително квалитетен ден, што значи сето ова ќе значи подобар живот и исполнување на ветувањата кои ги даде градоначалникот овде во општина Прилеп на локалните избори и тоа ќе значи поквалитетен живот и подобри услови за прилепчани“, истакна Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи