Работилница: Односот на нашите општества кон минатото на етнички конфликти

Мултиперспективноста, соочување со минатото и транзициската правда се клучни теми кога разговараме за изградба на партнерства за мир. Овие теми ќе бидат обработени преку реализација на интерактивни работилници, користејќи техники за работа во групи, презентации, дискусии во пленум, итн. Жените и младите како најзасегнати страни во делот на
помирување ќе бидат максимално вклучени и ќе бидат главни корисници на придобивките. Етничкиот идентитет е тема која е централна и низ чија призма ќе разговараме, споделуваме и градиме доверба во групата. Пристапот кој ќе го користиме е вклучувачки, се темели на искуствата и ставовите кои учесниците и учесничките ги имаат и споделуваат во групата согласно, темите кои што ќе ги работиме. Ваквиот пристап, ќе отвори простор за дијалог кога ќе разговараме за тешки теми, гради доверба и во исто време дава простор за анализа на прашањата поврзани со етничките конфликти

ЛАГ Агро Лидер во рамките на проектот Низ призмата на другиот“ на 28 октомври 2022 година, одржа работилница на тема Односот на нашите општества кон минатото на етнички конфликти. Односот на нашите општества кон минатото на етнички конфликти. Етничкиот идентитет е тема која е централна и низ чија призма разговараме, споделуваме и градиме доверба во групата. На работилницата освен младите и жените од Пелагониски регион, присуствува и претставници од локалните самоуправи на Прилеп, Кривогаштани, Долнени и Крушево, односно од Комисијата за еднакви можности и Комисијата против дискриминација кои што се основани и работат во рамки на општините.

Проектот е финансиски поддржан од Фондација Центар Хуманитарно право – Белград, Србија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи