Социјални услуги за аутистични деца и млади

Мрежата на ЛАГОВИ и ЛАГ АГРО ЛИДЕР  денес одржаа онлајн работилница “Социјални услуги за аутистични деца и млади”.

Работилницата ја водеше Барбара Штумпф, а свое поздравно обраќање имаше г-н Харалд Фугер – Аташе на Австриското Социјално министерство во нашата држава.

Предавање во областа на социјални услуги за аутистични деца и млади имаа г-ѓа Ана Мартон и Др. Јоханес Клиетман претставници на Фондацијата Specialisterne од Австрија.

Статистичките податоци од Австрија покажуваат дека дијагностиката на аутизам е можна на 2-3 годишна возраст, но во просек кај децата се поставува дијагноза на 8 годишна возраст, а просечната возраст на дијагностицирање на аутизам кај возрасните е 34 години.

Околу 2000 лица со аутизам се присутни на пазарот на труд во Австрија.

Фондацијата Specialisterne е непрофитна организација која активно делува во обезбедување на социјални услуги за лицата со аутизам и слични предизвици, со фокус на вработување и обезбедување на образование за нивна конкурентност на пазарот на труд.

Фондацијата обезбедува програма за таленти и посредување на пазарот на труд, советување и менторирање, како и поддршка за натамошен развој на лицата до аутизам.

Во своето делување забележани се многу предизвици но и успешни приказни што се поттик за континуирано подобрување на услугите со цел градење мостови за надминување на пречките и поврзување на бизнисите на лицата со аутизам, и нивна успешна инклузија на пазарот на труд.

Пристапот до социјални услуги е обезбеден од националните политики и пподдршката на бизнис заедницата, што е особено значајно за поврзување на сите релевантни актери и креирање на квалитетни и одржливи социјални услуги за овие лица.

Вебинарот е организиран во рамките на проектот  “еHelp С. Македонија: Подобрување на пристапот до социјални услуги преку дигитализација и вмрежување”, спроведуван во партнерство со Австриските организации Verein LAG Regionalmanagement regio3, Dachverein zur Regionalentwicklung Fuschlseeregion – Mondseeland (FUMO) и Regionalentwicklungsagentur Zeitkultur Oststeirisches Kernland, со финансиска поддршка од Австриското Федерално Министерство за социјални работи, здравство,грижа и  заштита на потрошувачи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи