ВИДЕО – Изложба „Различностите што нè поврзуваат“ – завршна активност на интеррелигиската школа на СТАНИЦА П.Е.Т.


Во градската библиотека во Прилеп се реализираше завршната активност на интеррелигиската школа која што ја организираше СТАНИЦА П.Е.Т. а на која беа изложени 17 уметнички творби на граѓански организации и религиозни групи кои беа дел од проектот „Организирање на заедницата за зголемување на меѓурелигиската комуникација и толеранција“ чија цел беше поголемо зближување и запознавање на припаднците на различните религиозни групи од Општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани.

Потребата за организирање на една ваква активност се појави како резултат на нашата работа во која што идентификувавме дека во последните години она што е карактеристично за нашите општества, а посебно тука во нашите општини Прилеп, Кривогаштани и Долнени е една растечка затвореност на различните религиозни групи, многу слаба комуникација помеѓу нив, а сето тоа секако е резултат и на слабото организирање на заеднички активности, но и на бројните дезинформации и лажни вести кои се шират. Тоа создава нетрпеливост, нетолеранција помеѓу различните религиозни групи и ги затвора во себе си, значи тие многу малку соработуваат и комуницираат едни со други“, истакна Весна Шапкоски, извршна директорка на СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп

Проектот е поддржан од Националниот демократски институт од САД.

Владата на САД преку својата амбасада тука во Скопје е горда и ѝ е чест што може финансиски да поддржи една ваква програма и еден ваков проект, во случајот станува збор за градење на меѓуверските односи преку уметност, преку култура и подобрување на меѓуверскиот дијалог“, рече Ерик Мејер, заменик шеф на мисијата на САД во Македонија.

Учесниците кои беа дел од интеррелигиската школа и овој проект велат дека ваквите настани многу помагаат за поголемо запознавање на различните религиозни заедници кај нас и намалување на нетолеранцијата.

Да се зголеми со тоа што ќе се организираат вакви настани повеќе и ќе бидат присутни лица од различна вероисповест и институции“, вели Нури Дервишоски, секретар во Тризла Џамија при Религиозна група „Ехли Суннет Вел Џемат“ Прилеп.

 

Научивме како да комуницираме меѓу себе и како да се разбереме, како да ги прифатиме различностите помеѓу себе и како помеѓу себе да зборуваме за истите без притоа да употребуваме конфликтни зборови и да навлегуваме и да ги избегнуваме конфликтите кои што се случуваат помеѓу нив“, кажа Христина Здравеска, учесник интеррелигиската школа.

Препораката е Општините повеќе да ги вклучуваат претставниците од религиозните групи во своите активности, бидејќи нивниот потенцијал може да придонесе кон подобрување на животот во локалните заедници.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи