ВИДЕО – Граф: Да не се навраќаме кон историјата, да размислуваме за големите предизвици и работи кои не очекуваат


По повод Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народната жалост амбасадите на Франција и Германија одржаа комеморација со полагање на цвеќиња на германските гробишта во Прилеп. Беше потенцирано дека темел на денешна Европа е токму ова заедничко чествување на двете моќни држави и дека доколку се сака мир и просперитет во Европа овој пример треба да следат сите држави и членките и аспирантите, особено во време на војна како таа помеѓу Русија и Украина. Запрашан за некоректниот однос на Бугарија кон Македонија на патот кон ЕУ и постојаното блокирање на државава заменик амбасадор на Германија без некој конкетен одговор, дипломатски одговори дека и порано имало вакви спорови кои се надминувале.

Мислам дека ние не треба да се навраќаме во историјата, туку да размислуваме со ладни глави и да ги ставиме на преден план големите предизвици, големите работи кои не очекуваат, а не да се занимаваме со некои ситни и непотребни работи. Европа во минатото имала такви спорови и знам дека нашла сили и начин да ги реши тие спорови и јас ве уверувам дека германската држава и понатаму ќе се залага конструктивно за да се решат тие спорови што е можно побрзо“, истакна Ото Граф, заменик амбасадор на Германија.

Францускиот амбасадор воопшто не сакаше да го коментира односот на Бугарија кон Македонија, но само потенцираше дека Европа во моментов е соочена пред големи преидзвици кои може да се решат само со единстви на сите нејзини членки.

Јас сметам дека светот длабоко се измени во текот на изминатите години, а посебно во изминатите месеци и сметам дека Европа е соочена со еден посебен предизвик. Европската унија треба се повеќе да се афирмира како една сила која ќе ги промовира и брани своите вредности, тоа е политичката војна за тоа да се направи, а втор услов е се разбира да имаме единство во Европа, во земјите членки, институциите, администрациите околу целите и начините тоа да се постигне“, рече Сирил Бомбгарнер, амбасадор на Франција во Македонија.

 По повод овој ден ваква церемонија денеска имаше и на француските воени гробишта во Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи