Четворица ортопеди во Прилеп, од кои само двајца оперираат, уриваат вистински рекорди во Македонија. Годишно просечно во ортопедското одделение се прават од 20 до 24.000 амбулантски прегледи, има од 480 до 550 операции, се третираат од 650 до 700 фрактури, а има и над 600 интервенции како зашиеници и слично. Одделението е вистинска гордост на прилепската болница, кое одбележа 50 години постоење.
„Ние работиме двајца доктори специјалисти кои оперираме, другите двајца работат само амбулантско. За овие 9 месеци од годинава имаме направено 66 протези на колкови и 400 операции, само двајца доктори. Вистина голема бројка што многу ретко се достиигнува во нашите институции“, истакна Илија Јованоски, началник на ортопедско трауматолошкото одделение во Прилеп.
Но за жал за неколку месеци одделението останува со само двајца специјалисти и и 4 специјализанти, бројка која што е далеку од потребната.
„Има недостиг од лекари за жал, сега иам 4 специјалисти од кои двајца за неколку месеци заминуваме во пензија. Двајца остануваат за понатаму и има 4 специјализанти. Јас се надевам дека во иднина ќе продолжат со истото тоа темпо и истиот тој жар. Апсолутно не е доволен овој кадар и се надевам дека управата води сметка и за скоро ќе има нови специјалисти“, додаде Јованоски.
Одделението било пионер за воведување на голем број нови техники и методи во Македонија.
„Значи оваа година се навршувата 25 години јубилеј откако започнав да работа артроскопија на коленото. Јас прв во Македонија започнав да работам со новиот апарат, апаратот кој го набавивме ние во 1997 година, апаратот има еден инструмент кој се вика шејвер, без него сега ниикој не почнува да прави артроскопија. Во 2000 година направивме операција артроскопски на вкрстен лигамент. Први во Македоија започнавме да работиме ехо сонографија на колкови на деца“, кажа Јованоски.
На одбележувањето од половина век постоење присуствуваа колеги ортопеди од цела држава.
„Бројките се импозантни, повеќе под 500 операции во една година каде што е покриена најголемиот дел на ортопедската струка регионално, дел од младите колеги кои се едуцираат на ортопедската клиника и се дел на ова наше големо ортопедско трауматолошко семејство, и допринесуваат тие искуства и знаења кои ги стекнуваат да ги надоградуваат во овие услови каде работат“, изјави Виктор Камнар, претседател на македонското друштво на ортопеди и трауматолози.
Сите се надеваат дека државата ќе има поголем слух во иднина за зголемување на бројот на ортопеди во Прилеп и дека ова одделение и понатаму ќе остане синоним за професионалност во оваа струка.