ВИДЕО – Промоција на книгата „Културата и традицијата на поречката заедница“ од Бојан Бежоски


Публицистичкиот труд со наслов „Културата и традицијата на поречката заедница“ е дело на авторот Бојан Бежоски од Македонски Брод. Тој како инспирација за да го создаде ова дело го зема 90 годишниот јубилеј од истражувачката дејност на Јозеф Обремски, патеписец од Полска, кој во далечната 1932 година престојувал во Порече.

Бежоски со седум месечно теренско истражување во поречките села го создаде овој труд кој излезе од печат на 19 јануари 2022 година. Тој ги посети селата Горно Зркле, Сушица, Лупште, Битово, Косово, Брест и Волче.

Со директни разговори со своите информатори успеа да ги зачува народните приказни, народните песни, народните верувања, народните обичаи, магиски ритуали, посмртни ритуали, народните болести како и лекување со народната медицина во Порече ( баење ) .

 

Рецензент на книгата е писател Саво Костадиновски, предговор Ана Дојчиноски, дизајн на корица Владимир Дојчиноски, лектор Проф Андријана Видеска.

На самата промоција беше доловена поречката соба, односно преку сценска изведба беше прикажано сето она што авторот Бежоски го правел во пречките села со својте информатори.

Сценска изведба : Даница Максимоска, Слободанка Карафилоска, Николаја Костадиноска и авторот Бојан Бежоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи