Во петок протест пред Општина Прилеп поради деценискиот игнорантски однос на институциите кон Мариово


Иницијативниот одбор за поттикнување на развојот на областа Мариово – Прилеп најавува протест во петок на 18.11.2022 година во 10 часот пред зградата на општина Прилеп. Како причина за протестот во нивното соопштение се наведува како што велат потценувачкиот и понижувачки однос и крајното запоставување на органите на власта и надлежните институции на развојот на областа Мариово, неисполнување на основните обврски, регулирани со закон, кон областа и жителите и беспримерната експлоатација на природни ресурси.

  1. Крајно запоставена патна мрежа
  2. Крајно запоставување на воодоснабдувањето и неорганизираниот пристап кон овој проблем
  3. Крајно запоставување на проблемите на сточарите, земјоделците, пчеларите и другите индивидуалци и стопански субјекти
  4. Крајно запоставеното здравство
  5. Несодветни решенија и нецелисходно трошење буџетски средства

„Мариово, веќе со децении, е една од најзапоставените области во Македонија, како од стопански, така од културен, здравствен, социјален и инфраструктурен аспект. Всушност, власта и надлежните институции во државата, се однесуваат како да се откажале од каков било развој и ги оставаат жителите на оваа област сами на себе, често, во крајно лоши услови, без патна комуникација, без здравство, без решени социјални и комунални услови и сл. Тоа, особено се одрази и на демографската слика на областа, која денес е исклучително лоша, а државните и општинските власти како да немат намера да ги исполнат ниту основните законски ообврски кон жителите на областа и обврските потребни за нејзиниот развој. Со последните контакти на Иницијативниот одбор со некои од надлежните фактори и ветувањата кои нѝ беа дадени се потврдија несериозноста и немањето разбирање за посочените проблеми, особено за скромната Програма, која со години им ја доставуваме. Сето тоа доведе до ситуација од немоновно организирање на соодветен протест на кој ќе бидат изнесени вистинските проблеми на областа и нејзините жители и, уште еднаш, пред јавноста ќе бидат изнесени соодветните барања, кои се формулирани врз основа на законските обврски на соодветните државни и општински институции:

  1. Да се направи сериозен увид, снимање и маркирање на основните проблемии со кои се соочуваат жителите на овој крај
  2. Да се утврдат почетните активности за обезбедување на основните услови за живот и развој на областа Мариово
  3. Во најскоро време, односно, веднаш да се започнат соодветни активности за решавање на проблемите наведени во Програмата на ИОПРОМ

велат во соопштението од Иницијативниот одбор за поттикнување на развојот на областа Мариово – Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи