Најновиот филм на Милчо Манчевски, „Кајмак“ во четврток 17.11.2022 од 19.30 часот премиерно ќе биде прикажан во киното Мис Стон при НУЦК „Марко Цепенков“.
Проекции ќе се одржуваат и во петок и сабота со почеток од 19:30 часот.
Влезниците по цена од 150 денари се продаваат на билетарницата од киното од 10 до 12 и од 17.30 до 19.30 часот.
Податоци за филмот
Филмот говори за две семејства кои си ја бараат среќата – пристојни на почетокот, среќни на крајот. Играат Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ.
Милчо Манчевски освен што е потписник на режијата , автор е и на сценариото. Филмот „Кајмак“ е копродукција меѓу Македонија, Данска, Холандија и Хрватска, со поддршка на Еуримаж и спаѓа во жанрот црна комедија.