Со поетски зборови „СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“

Со настанот “Со поетски зборови  СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ” во Домот на културата во Градско,  ЛАГ АГРО ЛИДЕР  во соработка со општина Градско го одбележа 25ти ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и девојчињата и се придружија на глобалното движење 16 дена активизам против родово базирано насилство врз жените и девојчињата под овогодинешната тема “ОБЕДИНЕТЕ СЕ”.

Со поетски зборови за стоп на насилството врз жените е иницијатива која ја започнале група поети и ентузијасти во Хрватска кои преку моќта на пишаниот збор ја изразуваат својата поддршка за елиминирање на насилството врз жените и девојчињата, и алармираат дека насилството врз жените и девојчињата е кршење на човековите права кое е најмалку препознаено на глобално ниво иако во светски рамки секоја трета жена/девојка е жртва на насилство. Оваа иницијатива се повеќе се проширува низ села, градови и држави, а од оваа година дел од оваа иницијатива се ЛАГ АГРО ЛИДЕР и општина Градско. Со читање на делата на жени авторки го креваме гласот против проблемите со кои секојдневно како жени се соочуваме, и алармираме за ИТНА елиминација на сите форми на насилство врз жените и девојките и заштита и унапредување на нивните права.

 

Над 80 жени од општина Градско со своето присуство на овој  настан застанаа зад глобалната порака – ОБЕДИНЕТИ ЗА СТОП НА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ. И не само денес, туку секој ден секој од нас да даде придонес за елиминирање на насилството врз жените и девојките.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи