Прилепчаните Диме Велески и Ицко Богоески донираа 37 чемпреси за ООУ „Гоце Делчев“


Поранешните ученици од ООУ „Гоце Делчев“ Диме Велески и Ицко Богоески донираа 37 чемпреси за училиштето и ги засадија во неговиот двор заедно со еколошката секција од ова училиште, предводена од наставничката Донче Ангелеска.

Диме Велески и Ицко Богоески важат за одличен пример за тоа како да се грижиме за животната средина. Сите заедно засадивме 37 садници симболизирајки ги 36-те паралелки во централното и 1-та комбинирана паралелка во с. Големо Радобил и на тој начин се стави почетокот на првата фаза на хортикултурното и партерно уредување на училишниот двор, проект кој ќе започне во текот на наредната седмица. Се надеваме дека ова е одлична стратегија да ја подигнеме еко свеста на нашите ученици, која е една од многуте цели на нашето училиште“, велат од ООУ „Гоце Делчев“ Прилеп.

Инаку ова е 5-та ваква акција која што ја организира Диме Велески. Во претходните 4 акции за пошумување беа засадени 10.000 дрвја од видот багрем на повеќе локации околу Прилеп. Донатор и на дел од овие 10.000 садници повторно беше Велески.

 

 

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи