ВИДЕО – Ковачевски: Коментар за именувањата во судовите можат да дадат само судската или обвинителската власт, а не и јас


И судството и обвинителството се независна власт во државата, Владата нема никаква субординација ниту на судството ниту на обвинителството. Единствена обврска на Владата е да ги предлага законите во делот на правосудството кои се однесуваат на усогласувањето на нашиот правосуден систем со системот на ЕУ, рече Ковачевски денеска во Прилеп, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали случајот како што е со синот на Талар Џафери, ја подриваат и онака разниишаната доверба во нашето судство каде идни кандиидати за судиии и обвинители имаме со спорни документи

„Ние веќе имаме поднесено голем број на закони кои се однесуваат и на висината на платите и надоместоците на судиите итн., потоа ги имаме како Влада обезбедено сите капитални инвестиции потребни во услови на криза заради дигитализација на судниците, заради опремување на судниците со се она што е нивно осовременување. Дел од тие закони за жал заради блокада од опозицијата не се донесени во Собранието, но во делот на прашањата за изборите и именувањата во судовите јас не можам да дадам коментар, тоа единствено може да дадат одговор или во судската или во обвинителската власт кои се независни од владата“, кажа Ковачевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи