Горивата поевтинуваат од полноќ

Facebook
Twitter
Email
Print

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови цени. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), малопродажните цени на еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 од полноќ се намалуваат за два денара за литар, па така, литар еуросупер БС-95 ќе се продава за 84,5 денари, додека малопродажната цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 86,5 денари за литар.

Малопродажната цена на еуродизел се намалува за 1,5 денар и од полноќ ќе се продава за 86,5 денари за литар.

Од полноќ со нови цени ќе се продаваат и екстра лесното масло за домаќинство и мазутот.

Екстра лесното масло поевтинува за еден денар за литар и ќе чини 82,5 денари, додека, пак, цената на мазутот се зголемува за 0,027 денари за килограм и ќе чини 41,81 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи