ВИДЕО – Прилепски Водовод ќе ја намали цената на водата како пред покачувањето


Прилепски Водовод денеска донесе одлука да ја намали цената на водата која се покачи пред 2 месеци поради високите сметки за струја. Сега со новата субвенционирана цена на електричната енергија што ќе ја добие ова претпријатие од 95 евра за мегават час, се очекува деновиве Советот на општината да ја врати цената од пред покачувањето. Но директорот Игор Гулабоски уште еднаш упати апел до Владата да им дозволи да наместат фотоволтаици за да дел од потребната струја сами си ја произведуваат. Со постоечкиот закон тоа не е дозволено за ЈП оформени од општините.

„Се надевам дека и ова наше второ барање ќе го разгледаат позитивно и ќе го внесат во таа рамка за да можеме да поставуваме фотоволтаици. Во тој случај долгорочно за ова ЈКП ќе биде решен проблемот, особено за пречистителната станица која троши 75% од потрошената електрична енергија“, рече Игор Гулабоски, директор на ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп.

Од прилепската болница велат дека енергија добиена од соларни панели значително ќе има ја намали сметката за струја, но тоа било голем и скап проект кој треба да го реализира Министерството за здравство. Во моментов и тие чекаат да добијат субвенционирана струја.

„Бидејќи имаме тековен договор со оператор кој не снабдуваше со еклектрична енергија, со завршувањето на тој договор ќе пристапиме кон нова постапка за јавна набавка на електрична енергија преку соодветен оператор кој очекуваме да се пријави со субвенционирана маржа“, додаде Кети Смилеска, директорка на Општа Болница Прилеп.

И училиштата ќе бидат дел од оваа субвенционирана енергија.

„Како што беше пред кризава 30, 40 па ии можебии 50% поефтина електричната енергија, бидејќии знаеме дека последниве 2-3 месеци сметките за струја енирмно се зголемија. Министерството за образование ни даде услов секој месец 15% да биде поефтина струјата“, изјави Ахил Јаков, дииректор на ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп.

Електрична енергија за овие установи по оваа цена ќе важи до 30 април 2023 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи