Конечно после децении Општина Долнени го асфалтираше локалниот патен правец Костинци – Долгаец. Патот беше комплетно запоставен со години, со огромни дупки на коловозот, а возилата едвај се движеа по него. Се тампонираше целиот пат, а додека од вкупната должина од 5.85 км. се асфалтираа 2,7 км. Инвестијата е на Владата со пари обезбедени од ТАВ Програмата. Од Општината велат дека веќе биле во преговори и лобираат во Владата за да добијат и дополнителни средства и наскоро целосно да се заврши оваа делница.
„Со ова се подобрија условите за жителите од трите села Костинци, Долгаец и Маргари, а се обезбеди и посигурен сообраќај и транспорт на лица и стоки. Можност за зголемување на бројот на лица кои се враќаат од Скопје во овој регион, кaкo пензионери, но и граѓани кои сакаат да инвестираат и да започнат сопствен биснис со земјоделство или сточарство. Со оваа инвестиција не застануваме тука, Општина Долнени ќе продолжи со инвестиции за подобар квалитет на животот и во другите населени места од општината“, велат од Општина Долнени.