ВИДЕО – Бошкоски: Нема да поканиме советници за славата Св. Никола, продолжува игнорантскиот однос кон градежниците


Продолжуваат проблемите со издавањето на градежни дозволи во Прилеп. Компанијата Тера Кота денеска обвини дека на вчерашната седница на Советот според нив беспредметно биле повлечени неколку точки, меѓу кои и таа за изградба на зграда за која тие веќе 2 години уредно ги имале сите дозволи. Велат дека веќе неколку години продолжувал игнорантскиот однос на надлежните во Општината кон градежната индустрија која секојдневно трпела огромни загуби.

„И ако тоа 2 години го кажуваме дека ќе почнеме, ако со банките се договараме за проектни планови и финансирања годишни, сега имаме огромен притисок имаме и од банките, заради тоа што најавените проекти не сме ги започнале. Резервирани пари имаме во рамката, знаете што значи тоа. Да не го споменувам аспектот на тоа колкава е разликата на цените во градежниот сектор. Само во овие 2 години разликата во карабина фаза зголемувањето е меѓу 70 и 100 проценти“, рече Гордан Бошкоски, сопственик на градежна компанија.

Според оваа градежна компанија неколку капитални проекти чекале со години на одобрение за градба, што значело загуба на огромни суми на пари и за самата општина и за компаниите.

„И најголемиот почнач на буџетот на општината оди преку одделението за урбаниизам, популарно кажано комуиналиите кои ги плаќаат инвеститорите. Соочете се малку со проблемите на реалниот сектор, вие живеете од реалниот сектор и вие треба да бидете сервис, ама брз, најбрз што може на реалнито сектор. Затоа што во реалниот сектор секој ден е пари“, додаде Бошкоски.

Од оваа компанија кои се домаќини на годинешната градска слава Св. Никола велатд ека во знак на револт немало да поканат претставници од Советот на општината, од каде пак денеска истакнаа дека зад ова одлука да се тргне донесувањето на оваа точка од дневен ред немало буквално никаква позадина. Предлогот бил донесен пред самата седница и затоа сите советници одлучиле таа да биде разгледана на наредата седница за да имаат време за увид во материјалите. Ако се профатела точката ќе се прекреш деловникот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи