Во пресрет на 3-ти декември, Меѓународниот ден на лица со посебни потреби, ученици од основното училиште „Никола Карев“ од Крушево и средното училиште „Наум Наумовски Борче“ од овој град, под покровителство на Националната установа „Спомен куќа на Тодор Проески“ присуствуваа на 26-та меѓународна ликовна работилница во Велес во специјалното основно училиште „Маца Овчарова“.
Темата на која работеа учениците од Крушево заедно со 40-на други учесници на колонијата беше „Тоше во нашите срца“.