Според истражувањата над 40% жени и девојчиња кај нас се соочиле со некаков вид на насилство во интернет просторот, но за жал сторителите се уште доволно не се казнуваат и спречуваат тоа да го прават. Ова беа едни од заклучоците од трибината „Дигиталното насилство врз жени и девојчиња – Препознаj, Блокирај, Пријави” во организација на Обединетите нации, ЕУ и ОБСЕ која се одржа во Прилеп. Ситуацијата била слична во скоро сите држави.
„Се работи за онлајн платформии кои често пати се во сопствеништво на мултинационални компании и начинот да се дојде до сторителите и оние кои што ги организираат овие мрежи, како што беше „Јавна соба“ во Македонија, се многу тешки, но сепак постојат начини нашите органи на прогонот да дојдат до вистинските лица и тие да се соочат со правото и законот“, истакна Жаклина Гештаковска-Алексовска од УНФПА (Фонд за население при ООН-Скопје)
За жал жените и девојчињата не ни го пријавуваат ова насилство кај надлежните, иако добро го препознаваат, а и доколку се пријави судските процеси траеле премногу долго.
„Има многу вакви случаи и затоа ја правиме нашата кампања. Насилството на интернет не било смислено да биде анонимно. Но имаме премногу анонимни ситуации ии премногу насилство во интернет просторот. Државата може да донесува и усвојува закони, но мислам дека главната улога за превенција е кај родителите и наставниците да зборуваат, да работат со децата и да го промовираат доброто наместо лошото однесување“, изјави Росана Дуџак, постојана координаторка на ООН во Македонија.
Ова е втора трибина кај нас од овој вид која е во организација на ОН, а е неменета за подигнување на свеста за борба со дигиталното насилство, првата се одржала во Скопје, а во следниот период ќе вакви настани во Струмица и Дебар.