ВИДЕО – 88 екипи и над 900 учесници на годинешниот турнир во мал фудбал„ Св. Никола 2022“ во Прилеп


Ми преставува огромно задоволство што во Прилеп после пауза од 3 години повторно се враќа еден прекрасен спортски настан, турнирот во мал фудбал„ Св. Никола 2022“, истакна на денешната прес конференција градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески. Тој потецираше дека за разлика од минатото кога турнирот се играше во салата на Тутускиот Комбинат или позната како Универзална сала, сега истиот ќе се играл во салата на ООУ „Добре Јованоски“.

„За жал не ни ја дадоа Универзалната сала на користење за одржување на еден ваков прекрасен турнир. Затоа и побаравме алтернатива, најдовме начин и локација и благодарение на иницијативниот одбор и здружението на спортови „Марков град Прилеп“, дојдовме до овој организациски настан. Локалната самоуправа на општина Прилеп, секогаш, како и за други спортски настани, така и за овој настан е покровител за одржување на максимални спортски настани и спортски манифестации, со тоа што верувам дека во периодот од 10 до 25 декември љубителите на фудбалот ќе уживаат, ќе биде салата максимално исполнета и ќе ги нуди сите задоволства на љубителите на спортот“, рече градоначаникот Борче Јовчески.

Од здружението на граѓани и спортови „Марков град Прилеп“ кои се годинешни организатори на Свети Николскиот турнир велат дека и покрај сите проблеми и оваа годиина благодарение на генералниот спонзор компанијата „Комфи Ангел“ и сопственичката Ирена Јакомовска, како и поддршката од сите општествено одговорни компании во Прилеп и Стопанската комора ќе го организирале турнирот достоинствено како и секоја година.

Уште еднаш се извинувам на граѓаните, бидејќи знаеме дека посетеноста на турнирот ќе биде огромна, а бројот во спортската сала во „Добре Јованоски“ е ограничен, но се надевам дека повторно ќе помине во најдобар ред турнирот на кој треба да продефилираат преку 500 или 600 деца, бидејќи во категории од младинци и деца имаме генерации од 2008 до 2014, тоа се седум генерации на деца. Од секоја генерација би требало да има барем по 8 екипи минимум за да се натпреваруваат, тоа се 56 екипи што значи на овој турнир би продефилирале преку 600 деца. Додека во категорија возрасни има 32 екипи на кои би продефилирале околу 300 љубители на малиот фудбал, професионалци и рекреативци. Значи околу 600 деца по бројот на пријавени екипи и околу 300 до 350 возрасни, или до 1.000 рекреативци и професионалци би имале на овој турнир“, рече Александар Крстески, претседател на Здружението „Марков град Прилеп“.

 

Сакам да ги запознам сите дека на овој турнир учеството на екипите ќе биде ограничен на 32 екипи во сениорска категорија. Екипите ќе бидат поделени во 8 групи по 4 екипи и се игра систем секој со секого. Понатаму  учествуваат двете најдобро пласирани екипи од групата. За пионерските екипи, за оние генерации од 2008 до 2014 година се надеваме дека ќе има од секоја генерација по 8 екипи кои ќе бидат сите исто така поделени во 2 групи. За наградниот фонд за прво место имаме донесено одлука да биде 240.000 денари, второ место да биде 120.000 денари и трето место да биде 60.000 денари. За младите категории ќе има награди, спортски топки, плакети и други реквизити што им требаат на младите категории“, истакна Македонче Дуртаноски,

 И оваа година како и другите турнирот ќе го задржи хуманитарнииот карактер.

 Од првиот ден планираме да има продажба на билети и тие ќе бидат хуманитарни, хуманитарен купон и сите пари од влезници ќе се донираат во зависност од тоа на кој му е потребно. Значи уште не сме договорени на кого би му дале помош со тие пари. И ние како здружение на спортисти ова го работиме волонтерски, значи немаме никаков паричен надоместок и сите пари, средства кои ќе останат од турнирот ќе ги донираме онаму каде што е најпотребно. Значи кога ќе заврши турнирот ќе видиме колку пари би останале и сите пари ќе се донираат и транспарентно ќе се излези колку пари се собрани, колку пари се потрошени за турнирот, бидејќи ова го правиме волонтерски. Влезница би била симболична цена од 50 денари, а за капацитетот салата има 300 столчиња, меѓутоа мислам дека околу 400 души збира внатре“, додаде Крстески.

На овој турнир „Св. Никола 2022“ ќе продефилираат и поголем дел од репрезентативците на футсал репрезентацијата на Македонија, како и други атрактивни екипи, а новина е тоа што сите натпревари ќе бидат стримани во живо.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи