Шокантна статистика, дури 70% од луѓето на глобално ниво страдаат од недостаток на Витамин Д! Или недостатокот од овој витамин се движи 32% кај здравствените работници, 48% кај децата од 9-11 години и дури 76% кај трудниците, што понатаму имало фатално влијание кај бебињата со автоимуни болести и други компликации. Според истражувањето на Афродита Танеска специјалист за биохемиски анализи од Прилеп ситуацијата била иста и во Македонија, со тоа што поголем недостаток имале жените од мажите. Танеска вели дека веќе 2 децении светот се соочувал со пандемија на недостаток на Д витамин, а најголем причините за ова бил начинот на живот во затворени простории, без излегување на сонце и неземањето на суплементи во зима.
„Доколку е летно време многу е лесно, со од 15 до 30 минути изложување на сонце го достигнуваме нивото на витамин Д, а доколку сме во зимски период секако треба храна побогата со Д витамин. Тоа е мрсна храна, масна храна, масни риби, млечни производи, мешунки и сепак тоа е толку малку и не го задоволува она ниво на Д витамин, потребно е да се земат суплименти. Никогаш да не се зема на своја рака, секогаш да биде во договор со матичен лекар, специјалист и исто така многу е битно да се внимава доколку се земаат поголеми концентрации на Д витамин да се зема и К2 и магнезиум, затоа што магнезиумот брза за да му помогне на Д витаминот за да се претвори во активна форма и тој се троши“, вели Афродита Танеска, дипломиран медицинско лабораториски аналитичар, специјалист за биохемиски.
Д витаминот стана актулен со корона кризата, кога најголем дел од луѓето конзумираа вакви суплементи. Танеска вели дека сепак 100% научно не било докажано дека д витаминот помага при заболувањата од ковид, но најголем дел од истражувањата воделе кон тоа.
„Едно наше истражување од Македонија направено, од наш фармацевт докажало, бидејќи короната ги напаѓа и клетките на белите дробови, при недостаток на Д витамин доаѓа и до недостаток на сурфактант, тоа е една супстанца која ги отвора алвеолите и се прави размена на гасовите. Знаеме какви проблеми имаа луѓето со корона, со дишењето, со кислород и слично. При недостаток на Д витамин, немајќи го овој сурфактант едноставно алвеолите се истишуваат и дуваме како во празен балон. Но сепак уште треба време да се докаже дека вистина постои корелација за дефицит со Д витамин и развојот и прогнозата на ковид болеста“, додаде Танеска.
Танеска издаде и труд за Д витаминот во зима со истражување на лица од 40 до 80 години со кое се потврдува дека со староста и патолошките состојби се згоемува и недостатокот на овој витамин.