На 08.12.2022 во 01.30 часот на Плоштад „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода Д.С.(20) од Прилеп затоа што го нарушил јавниот ред и мир со викање и недолично однесување.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.