Писателот Бојан Бежоски од М. Брод со акција – Книга за секое дете


Писателот и антрополог Бојан Бежоски од Македонски Брод, денес во основните подрачни училишта во селото Манастирец и во Самоков – општина Македонски Брод, подари книга за секое дете.

Поетот овој гест го направи на сопствена иницијатива, бидејќи и децата од руралните средини заслужуваат внимание и почит. Книгата е единствениот начин да се дружиме и да шетаме на места каде што никогаш не сме биле. Воедно, читајќи книгите се збогатува и вокабуларот на човекот.

Неговата иницијатива беше прифатена од наставниците по македонски јазик и литература во овие училишта, Христина Трпческа и Васе Силјаноски.

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи